Електронските подеднакво опасни како обичните цигари? Видете што покажува најновото истражување

Фото: Профимедиа

Најново истражување во Австралија покажува дека електронските цигари со најразлични вкусови потенцијално би можеле да бидат многу опасни за човековото здравје. Како што пишува „НЗ хералд“, пушењето на електронска цигара убива клетки во белите дробови.

Миранда Вин од Медицинскиот факултет на Универзитетот од Аделаида, изјавила дека истражува дали течностите за електронски цигари со исти вкусови, купени од различни произведувачи, би можеле да имаат различно влијание врз белите дробови на пушачите.

– Пронајдовме дека секоја од течностите со различен вкус има различни видови на хемикалии во составот и дека тие се способни да убиваат клетки во белите дробови, како и да влијаат врз имунитетот на пушачот, и покрај тоа што немаат никотин – посочи истражувачката.

Дел од штетата врз клетките во белите дробови би можела да се поправи од страна на имуниот систем на телото, но исто така постои можност да има „грешки“ при заздравувањето, истакна Вин.

Истражувањето за штетноста и влијанието од овој нов модерен тренд доаѓа во момент кога во САД се појавија неколку случаи во кои луѓе ги загубија животите од болести поврзани со пушење на е-цигара.

Еден од случаите е со Ентони Мајо (19) од сојузната држава Пенсилванија во САД, кој поради редовното користење на електронска цигара останал со сериозни здравствени проблеми. Како што пишува „НЗ хералд“, во белите дробови на момчето е пронајдена голема количина на масло кое постои можност да се таложи при пушење на е-цигара.

Тој се соочил со тешкотии со дишењето, пребледел и воопшто не се чувстувал добро, рекоа за медиумите неговите родители. Лекарите потоа потврдија дека неговите бели дробови биле полни со стврднато масло од течноста со која се полни електронската цигара. Сега, според медицинските лица, тој има бели дробови кои наликуваат на човек од 60 години кој пуши две кутии на цигари дневно, и најверојатно доживотно ќе ги чувстува последиците.

Според информациите на Центарот за контрола и превенција на болести, вкупната бројка на луѓе кои почувствувале здравствени проблеми од електронски цигари се искачла на 500. Засега, сè уште ниту еден бренд ниту вкус на електронски цигари не е поврзан со болестите, кои лекарите во моментов ги истражуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот