Ел Чека најави нови „бомби“ и упати закани кон премиерот Зоран Заев

„Нашите браќа Сами Укшини, Вал Зека и Шек Калачи имаат повеќе од било кога потреба за нашите молитви, бидејќи само што добив информации директно од еден вработен од Обвинителство во Скопје, дека тројцата браќа треба да бидат внимателни повеќе од кога било во затворот каде што ја издржуваат казната“, пишува на фејсбук кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој објавува „бомби“ за функционери на ДУИ.

-Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на заеви, алиевци и сите нивни соработници! Објавувањето на прислушувањата ќе се прави во утринските часови, бидејќи денес имавме многу пречки, додава Ел Чека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот