Екстремно загаден воздух вечерва дишат жителите на повеќе македонски градови
Екстремни нивоа на загаденост на воздухот вечерва се измерени во повеќе македонски градови. Според податоците од мерните станици на Министерството за животна средина, најкритична е состојбата во Кавадарци, каде се измерени над 500 микрограми ПМ10-честички на метар кубен, што е осумпати повисоко од дозволеното и спаѓа во загаденост која претставува директна опасност по здравјето. Концентрацијата на ПМ2.5 честички во Кавадарци вечерва е 12 и пол пати повисока од дозволената (313 микрограми на метар кубен).
Препорачано
Алармантна загаденост вечерва е измерена и во Охрид (205 микрограми ПМ10-честички на метар кубен), Струмица (220 микрограми), Скопје-Ново Лисиче (218), Куманово (215), Скопје-Ректорат (192)…
Директорот на Светската банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, денеска во Скопје изјави дека жителите на главниот град и н Тетово на годишно ниво се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички во споредба со луѓето кои живеат во Западна Европа. Паолучи рече дека загадениот воздух убива по околу 2.800 жители на земјава секоја година.
Светска банка: Загадениот воздух годишно убива 2.800 луѓе во Македонија


