Екстра девственотo маслиново масло сочувајте го од штетните влијанија за да ви трае што подолго

фото: пиксбај

Екстра девственото маслиново масло го прави секое јадење повкусно, но рокот на траење му е покус отколку што мислите.

Многумина од годишен одмор се враќаат со шише неодоливо мирисно домашно маслиново масло. Бидејќи станува збор за посебен производ кој не може лесно да се купи во кој било супермаркет, на храната го додавате внимателно и внимавате да го користите максимум низ целата година. Додека останатите медитерански производи како црното вино и оцетот балзамико стануваат подобри, како што минува времето, истото не важи и за маслиновото масло.

 

Консумирајте го што посвежо

Ова масло е полно со антиоксиданси и корисни состојки и со текот на времето го губи својот карактеристичен мирис и вкус, а ако предолго го држите на полица, може целосно да го уништи јадењето во кое го додавате. Иако маслиновото масло кое се „расипало“ нема да ви предизвика стомачни проблеми, секако ќе добиете понеквалитетно јадење. Посебно расипливо е нефилтрираното маслиново масло, додека она филтрираното може на полица да стои и до две години. Екстра девственото маслиново масло најдобро е да се потроши за неколку месеци по отворањето, а максимум времето што може да се извлече се 12 месеци. Освен вкус и мирис, маслиновото масло што предолго стои отворено, ќе ги изгуби и вредните антиоксиданси.

фото: пиксбај

Како да го сочувате подолго

Екстра девственото маслиново масло најчесто е користено во кујна, а всушност тоа е чувствително на топлина, светлина и воздух. Постојат неколку совети што ќе обезбедат полност на вкусот на маслиновото масло неколку месеци откако е отворено.

  1. Држете го маслото во непроѕирно пакување

Компонентите на маслиновото масло што му даваат арома се распаѓаат под влијание на светлината, така што најдобро е да се држи во непроѕирни стаклени шишиња. Кога купувате масло, внимавајте на пакувањето, но ако го купите во проѕирно шише, можете дома да го префрлите во непроѕирно.

  1. Не држете го до шпорет

Многумина маслото и зачините често ги држат покрај шпорет за да им се лесно достапни додека готват. И додека на солта, биберот и сончогледовото масло нема да им пречи таквата позиција, топлината на шпоретот може да го забрза расипувањето на маслиновото масло. Најдобро е да стои во шкафче или во шпајз, далеку од извор на топлина.

  1. Оптималната температура е околу 20 степени

Можеби ви се чини дека екстра девственото маслиново масло можете да го заштитите од расипување ако го ставите во фрижидер, но тоа не е решение. Одредени масни киселини од маслиновото масло во фрижидер се згрутчуваат, така што ќе добиете масло со грутки, што никој не сака. Најдобра температура за чување на маслиновото масло е меѓу 17 и 22 степени.

  1. Секогаш добро затворете го шишето

Она што никако не смеете да оставите е шише маслиново масло без тапа. Воздухот е најголем непријател на чувствителните масла како маслиновото и затоа шишето во кое се наоѓа секогаш треба да биде затворено. Дури и ако користите продолжеток за налевање. Маслото во допир со воздухот оксидира, што значително му го намалува квалитетот.

Што да правите со расипаното масло­?

Ако маслото стои на полица подолго време, големи се шансите да е расипано. Еднаш кога ќе го загуби карактеристичниот мирис и вкус или ќе прими непријатен вкус, време е да го фрлите. Немојте да го истурате во одводот, туку префрлете го во рециклирачки сад и фрлете го во класичен отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот