Фото: Белга/Belga

Експлозија разнесе зграда во Белгија, најмалку осуммина се исчезнати

Најмалку осуммина луѓе се исчезнати по силна експлозија на гас што се случи во четирикатна станбена зграда во Турнхут, во белгиската провинција Антверпен, во близина на границата со Холандија.

Претходнo имаше информации дека меѓу исчезнатите се и четири деца, но потоа беа повлечени како неточни.

Спасувачите извлекоа едно лице живо од урнатините, но не се знае дали има жртви во експлозијата. На лице место има бројни екипи кои се обидуваат да ги расчистат урнатините.

Надлежните велат дека во урнатиот дел од зградата живееле десетина лица, а досега едно лице е префрлено во болница.

Жителите од овој крај велат дека експлозијата била страшна, а после тоа слушнале пукање и звук на уривање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот