Експлозија на гас во Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Експлозија на гас во Русија, тројца загинати, шестмина повредени

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во експлозија на гас што се случи денеска во станбена зграда во рускиот град Јелец, соопшти службата за итна помош.

Во експлозијата се уништени осум од 16 станови, а според првичните податоци 23 лица се евакуирани.

Според извештајот на руското Министерство за вонредни ситуации, експлозијата била пријавена во 00:52 часот по локално време.

Покрената е кривична постапка за давање услуги што не се во согласност со безбедносните закони. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот