Експертите советуваат зошто жените не треба да глумат оргазам

Фото: Pexels/ Valeria Boltneva

За жал, многу жени чувствуваат притисок да глумат оргазам за да му угодат на својот партнер. Но, лажењето за нивното задоволство прави повеќе штета отколку корист меѓу чаршафите, пишува „Дејли Стар“.

Експертот за секс, д-р Канвал Бава во својот подкаст зборува за глумењето оргазам и апелира до сите жени да престанат да го прават тоа, бидејќи речиси сигурно ќе има негативно влијание врз нив, љубовната врска и партнерот.

„Ова негативно влијае на двата партнера. Мажот мисли дека прави сѐкако што треба, а жената е несреќна, затоа што не го добива задоволството што го заслужува. Ова често води до разделување на партнерите или ја поткопува довербата и интимноста во врската. Се осмелувам да кажам дека мажот повеќе би сакал да знае што прави погрешно, отколку жената постојано да глуми“, рекла таа.

Таа, исто така изјавила дека неодамнешното истражување на над 2.000 жени покажало дека само 52 отсто од нив рекле дека редовно ја достигнуваат кулминацијата за време на сексот, а друга студија покажала голема разлика помеѓу мажите и жените, бидејќи само 64 отсто од жените изјавиле дека доживеале оргазам, во споредба со дури 91 отсто од мажите.

Бава, додала дека ова е јасен показател за нееднаквоста во доживувањето оргазам меѓу половите и поради тоа советува, партнерите секогаш да бидат искрени кога се работи за интимните односи.

„На жените треба да им е важно да бидат искрени за своите желби и потреби во сексот. Тие треба да работат со партнерот за да дознаат што најмногу им одговара на двајцата. Така, наместо да глумите оргазми, зборувајте отворено за вашите потреби и сигурно ќе имате поисполнето сексуално искуство“, рекла д-р Бава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот