Економското чудо на Шпанија во време на криза

Profimedia

Шпанија минатата година имаше економски раст од 5,5 отсто, што е раст за кој многу земји од северот на Европа можат само да сонуваат. На Шпанија и претстои долг пат ако сака да го достигне просперитетот на Германија, но минатата година германската стапка на раст едвај достигна 1,9 отсто, додека просекот во еврозоната беше 3,5 отсто, пренесува Дојче веле.

ММФ проценува дека Шпанија оваа и следната година би можела да постигне натпросечен економски раст.

Стапката на невработеност во Шпанија е најниска во последните 15 години, но сепак е застрашувачки висока и изнесува 13 отсто, додека во Германија е 5,7 отсто, а просекот во ЕУ е 6,1 отсто. Најизненадувачката работа е стапката на поскапување: и покрај се поскапите нафта и гас, во Шпанија минатата година таа изнесуваше 5,5 отсто, речиси половина повеќе отколку во ЕУ, каде што беше 10,4 отсто.

Мора да се признае, минатото лето во Шпанија цените вртоглаво пораснаа со инфлација од речиси 10 отсто, но Мадрид успеа да го спречи тоа дивеење. Државата ја отвори чантата и се откажа од некои приходи. Државата интервенираше на пазарот на основни прехранбени производи, ги ограничи кириите и цените на енергијата, трошејќи на тој начин што во другите земји остави најголем пустош во паричниците на граѓаните, пишува Дојче веле.

Конкретно, шпанското ограничување на цената на струјата беше лекција, па ЕУ се договори и за „шпанскиот модел“. Во моментов, Шпанија има една од најниските цени на струјата во Европа, што ги привлече странските компании на кои сметката за струја им е важна ставка. Шпанија одреди дека кириите може да се зголемуваат само за два отсто годишно.

Ова во моментов е далеку под стапката на инфлација и имаше позитивно влијание врз буџетите на домаќинствата. Сето ова ја чини шпанската влада 45 милијарди евра. Секако, за шпанското економско чудо помогнаа и приходите од туризмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот