Еклипса во знакот на Бик: Моќната месечинa од 19-ти ноември ќе влијае врз секој хороскопски знак

Фото: Unsplash

Полната месечина на 19-ти ноември во знакот на Бик најавува големи откритија, завршетоци и пресврти на судбината. Дозволите му на универзумот да го преземе водството и останете отворени за промени. Оваа месечина ни помага да стапиме во контакт со нашите тела и да бараме сигурност кога станува збор за љубов, финансии и самопочит. Меѓутоа, со оглед на тоа што оваа полна месечина, исто така, е и затемнување на Месечината, ќе мораме истовремено да се подготвиме за неочекувани настани и ненадејни промени – што може да не изнесат надвор од нашите комфорт зони. 

Еве како ќе влијае полната месечина во ноември 2021 година на секој хороскопски знак:

Овен

Родените во знакот на Овен периодов се фокусираат на парите, но не треба да донесуваат избрзани одлуки или потези пред оваа моќна еклипса. Внимавајте на неочекувани промени во вашиот приход, но исто така очекувајте да се појават големи можности за обезбедување на посигурна плата во иднина.

Бик

Оваа месечина во вашиот знак ве допира во срцето, па може да се чувствувате како да сте среде метаморфоза. Учите нови работи за себе и сфаќате како да се покажете поавтентично во врските и животот воопшто. Прегрнете ја трансформацијата.

Близнаци

Промените понекогаш се тешки дури и за адаптабилен знак како Близнаците. Оваа лунација е совршена да се опуштите и да се одморите. Оставете ги настрана работните и социјалните обврски и обидете се да го прифатите духовното значење на ова затемнување со медитација или пишување.

Рак

Оваа лунација во вашата 11-та куќа го става вашиот фокус на пријателствата. Чувајте се кога станува збор за соработки и групни дружења, бидејќи може да дојде до конфликти и да се разгорат темпераментите. Сепак, вашиот емпатичен дух ќе помогне да се премостат несогласувањата и да се врати хармонијата во вашата група.

Лав

Вашиот работен живот сега е под рефлектори, затоа подгответе се за некои големи прилагодувања на начинот на кој се однесувате професионално. Тековните проекти може да дојдат до брз (или дури и неочекуван) крај и лесно може да се најдете на сосема нов пат. Верувајте дека универзумот создава простор за некои сериозни подеми во кариерата.

Девица

Има една работа на која навистина одамна сакате да ѝ се посветите, но упорно ја одложувате. Можеби сакате да се вратите на училиште, да патувате во странска земја или конечно да ѝ пристапите на личност која ве интересира. Што и да е, ова затемнување бара од вас да ги следите тие аспирации и да кажете „да“ на авантурата. Вашата потреба за духовна експанзија не може да чека повеќе.

Вага

Можеби се чувствувате како да сте развиле неприродна визија што ви овозможува да гледате под површината на вашите интимни врски, инвестиции и деловни зделки подеднакво. Без разлика дали ви се допаѓа или не она што го гледате, знајте дека повеќе не можете да бегате од вистината.

Шкорпија

Со оваа лунација, подгответе се да се соочите со себе и размислете за вашето…

Целиот текст проследете го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот