Екипата од серијата „Ало Ало“ повторно се собра, а сите очи беа свртени кон хер Флик! (ФОТО)

Profimedia

Дали би ги препознале денес?

Вики Мишел која ја обожававме во улогата на Мишел во култната британска комедија, сподели симпатична фотографија од своите драги пријатели и колеги.

Шармантната актерка неодамна ги израдува своите следбеници, кога на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија на која позира со колегите од серијата „Ало Ало“ – Ким Хартман (Хелга), Ричард Гибсон (хер Ото Флик) и Гај Синер (капетан Грубер).

Со оглед на тоа дека оваа легендарна телевизиска серија се емитуваше од 1982 до 1992 година, поминаа децении откако ги видовме овие актери во улогите кои им донесоа светска слава, па многумина обрнаа внимание на тоа колку им се промениле ликовите во меѓувреме. Сепак, покрај тоа што дамите на фотографиите до ден денес останале вистински убавици, најмногу внимание привлече Ричард Гибсон. Актерот изгледа како од неговата улога на хер Флик да поминале само неколку години, а не дури 3 децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот