ЕК: Вучиќ и Курти следната недела во одвоени посети во Брисел

Косовските медиуми пред три дена објавија дека по посетата на Брисел, се очекува Курти и Вучиќ во наредните недели да престојуваат во официјална посета на Париз, на покана од францускиот претседател Емануел Макрон.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти следната недела ќе го посетат Брисел, потврди Европската комисија. Косовските медиуми неодамна објавија дека Вучиќ и Курти ќе разговараат со европски претставници за повторно започнување на дијалогот јави, дописникот на МИА од Белград.

Европската комисија денес објави план за посетата според кој Вучиќ ќе го посети Брисел на 26 април и ќе се состане со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на ЕУ Жeозеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, соопшти белградската ТВ Н1.

Курти ќе биде во Брисел на 28 и 29 април, а првиот ден е предвидено да се сретне со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски, додека на вториот ден од посетата, тој ќе биде примен од истите претставници како и Вучиќ.

Косовските медиуми пред три дена објавија дека по посетата на Брисел, се очекува Курти и Вучиќ во наредните недели да престојуваат во официјална посета на Париз, на покана од францускиот претседател Емануел Макрон. Според извештаите на медиумите, на состаноците во Брисел и Париз ќе се разговара за новиот формат на дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот