ЕК: Спасот од пандемијата не е во вакцините, туку во вакцинацијата

Фото: EPA-EFE/FRANCOIS LENOIR / POOL

Спасот од пандемијата на ковид-19 не е во вакцините, туку во вакцинацијата. Ова го изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидeс, на презентацијата на предлогот на Европската комисија (ЕК) за акција од европските земји за обезбедување на вакцина против новата болест.

Таа истакна дека главната цел на ЕУ ќе биде да следи дали вакцината, кога ќе биде одобрена и испорачана, е навистина безбедна. Според неа, се додека нема вакцина, спроведувањето на познатите мерки останува клучно.

– Сите сме уморни од мерките, но ако не ги спроведеме, ќе ги загубиме најблиските. Секој од нас е дел од решението, рече Киријакидeс и повика на јасни информации до граѓаните и борба против дезинформациите.

Европскиот комесар ги повика земјите од ЕУ однапред да ги проверат можностите граѓаните брзо да бидат опфатени со кампањи за вакцинација.

– Нема брз лек, но вакцинацијата ќе ги олесни здравствените системи и ќе и помогне на економијата да закрепне, да го врати чувството на предвидливост, додаде комесарот.

Според неа, треба да се предвидат настаните за да се избегне повторување на последиците од наметнување општ карантин.

Потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас истакна дека Комисијата досега презела повеќе од 800 мерки во врска со пандемијата и одобрила 373 решенија за државна помош.

– Со напорите на ЕУ, спасени се животите на стотици илјади луѓе, а 600.000 Европејци се вратени дома, рече тој.

Според него, Комисијата обезбедила прелиминарни договори за набавка на речииси една милијарда дози вакцина.

– Ние би сакале вакцините да бидат безбедни, јавно достапни и бесплатни, додаде Схинас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот