ЕК: Одговорите на АстраЗенека не се задоволителни

Фото: EPA

Европската комисија соопшти дека најавата за значително намалување на снабдувањето со вакцини на АстраЗенека на пазарот на ЕУ е „неприфатлива” и бара од компанијата да одговори колку дози се произведени досега и на кого се доставени.

Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес изјави дека одговорите на АстраЗенека на поставените прашања „досега не биле задоволителни”, и оти „вечерва повторно” ќе разговараат со претставниците на компанијата.

– ЕУ сака порачаните и веќе платени вакцини да бидат доставени во најкус можен рок, а договорот да се почитува целосно, истакна Киријакидес.

Таа додаде дека ЕК денеска предложи механизам за транспарентност на извозот на вакцини.

– Европската унија го поддржа забрзаниот развој и производство на неколку вакцини против Ковид-19 со 2,7 милијарди евра. Ние сакаме јасност на трансакциите и целосна транспарентност на извозот на вакцини од ЕУ, рече Киријакидес.

ЕК најави дека отсега сите компании кои произведуваат вакцини против Ковид-19 во ЕУ ќе треба однапред да ја известат ЕУ доколку сакаат да доставуваат вакцини во трети земји.

– ЕУ ќе стори сè што може за да ги заштити своите граѓани и нивните права, подвлече Киријакидес.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот