Фото: РК Вардар

EХФ го објави распоредот: Вардар почнува и завршува на гости

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави изменетиот распоред за главната групна фаза во Европската лига, а Вардар ќе ја отвори, но и ќе ја затвори оваа етапа со натпревари на гостински терен.

Наместо првично планираниот домашен дуел со германскиот тим, „црвено-црните“ прво ќе излезат на мегдан против Бенфика во Лисабон на 17 февруари. Последниот натпревар од групата е закажан за 10 март, кога вардарци повторно ќе играат на гости, овојпат кај Мелсунген. Во меѓувреме, тимот ќе одигра два последователни натпревари во Скопје, на 24 февруари против Мелсунген и на 3 март повторно пред својата публика, но против Бенфика.

Вардар обезбеди место во втората фаза по убедливата победа над Тулуз во последното коло од првата рунда, влегувајќи меѓу најдобрите 16 од првата позиција. Во новата група, Мелсунген ќе стартува со четири пренесени бода, Вардар 1961 и Кристијанштад со по два, додека Бенфика ќе ја започне фазата без освоени поени.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот