Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

Исто така, на овој датум 15 јуни, Франција повика на повторно отворање на внатрешните граници на  Европската Унија.

 Францускиот премиер Едуар Филип денеска потврди дека одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ ќе биде донесена по 15 јуни со заедничка европска координација, јавува дописникот на МИА.

Франција, според Филип, го поддржува повторното отворање на границите во ЕУ, откако најпрво се осврна на прашањето за надворешните граници кон Европската Унија, прецизирајќи дека европските земји ќе одлучат дали повторно ќе ги отворат на 15 јуни.

Исто така, на овој датум 15 јуни, Франција повика на повторно отворање на внатрешните граници на  Европската Унија. Франција се залага за повторно отворање на границите без две неделен карантин, но ќе го примени „принципот на реципроцитет со земјите што ги затвораат своите граници или применуваат карантин”, рече Едуард Филип:

Истовремено во Франција се враќа на 2 јуни целосната слобода на движење на целата територија на земјата, Досега таа беше ограничена во радиус од 100 километри од местото на живеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот