Единствената работа од детството која Пол Мекартни и денес ја користи! (ВИДЕО)

пол мекартни
Пол Мекартни/ Фото: Профимедиа

Пол Мекартни (78) во текот на својата долга кариера објави бројни хитови, и како член на групата „Битлси“ и самостојно.

Нема потреба многу да се зборува за успехот на славниот музичар, а како што пишуваат странските медиуми, тој никогаш не сменил една работа која ја поседува веќе 64 години.

Имено, станува збор за појачалото „Little Green Amp – Elpico AC55“ што го купил од своите заштеди во периодот кога бил тинејџер, односно кога имал 14 години.

Овој уред е дизајниран да засили еден грамофон и два микрофони, а Пол го користел како засилувач на гитарата.

„Ова е моето прво појачало досега. Како што можете да видите, тоа е во стилот на 50-те години, изгледа како мебел од 50-ти … Ова е првото нешто што го зачував оттогаш. Морав да го поправам затоа што е старо“, изјавил Мекартни.

Погледнете го засилувачот што Пол Мекартни сè уште го користи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот