„Еден збор – еден алтан“: Колку заработува Том Круз по изговорен збор?

Том Круз во „Топ Ган: Маверик“/Фото: Принтскрин/IMDb колаж

Можеби веќе знаете дека Том Круз е најплатениот актер во светот, но можете ли да погодите колку пари заработува по изговорен збор?

Она што е интересно за Том Круз е тоа што глумеше во некои од најпознатите филмови во децениите зад нас, но и денес е меѓу најбараните актери кои ги полнат кината со секој нов филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Gun (@topgunmovie)


Својот главен пробив во светот на мегаѕвездите го направи со филмот „Top Gun“, чие продолжение го видовме со „Top Gun: Maverick“ минатата година и кој покажа дека некои продолженија можат да бидат одлични филмови.

Секако, тука е и франшизата „Mission: Impossible“ за време на која Круз постојано не воодушевува со нови акциони секвенци и ризични потези.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Top Gun (@topgunmovie)


Кога станува збор за заработката, веб-страницата Casumo проценува дека Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор или 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

На второто и третото место на оваа листа се Курт Расел со 5.682 по збор и Џони Деп со 4.877 долари по изговорен збор.

Кај жените, Камерон Дијаз, сега пензионирана, води со 4.637 долари по изговорен збор, пред се благодарение на филмот „Bad Teacher“.

Она што е интересно е што во оваа пресметка не е вклучена досегашната заработка од  филмот „Top Gun: Maverick“.

ВИДЕО | Ќе ви се заледи крвта: Том Круз ја изведе најопасната акробација во филмската историја

Том Круз се разведува од сопругите кога ќе наполнат 33 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот