Еден случај од Крушено, четири новозаболени во Прилеп

Прилеп/Фото: МИА

На територијата на општина Прилеп денеска се регистрирани четири нови лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на инфицирани со КОВИД-19 знесува 38, информираат од локалната самоуправа.

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп потврдија дека еден нов случај, трет по ред, е регистриран и во општина Крушево.

Во Инфективното одделение на прилепската болница „Борка Талески” се наоѓаат четири лица, сите со средна клиничка слика. Вчера во попладневните часови, на Инфективната клиника во Скопје е транспортиран еден повозрасен пациент, кај кого била констатирана потешка клиничка слика.

Инаку, во прилепската болница во изолација се наоѓаат тројца пациенти. За двајца од нив се чекаат резултати од земениот брис, а за третиот пациент е во фаза на обработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот