Еден руски војник загина, а тројца се повредени во Сирија

Сирија експлозија/ Фото: EPA

Еден руски војник загина, а тројца се повредени во експлозија на автомобил во Сирија, јавија вечерва руските агенции.

„Еден руски војник беше убиен, а три лица кои беа во возилото со него беа повредени и пренесени во болница“, наведоа агенциите, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Другите детали не се објавени.

Руските сили се присутни во Сирија, каде ги поддржуваат силите на локалниот претседател Башар ал-Асад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот