Џуд Белингем на чекор од трансфер во Реал Мадрид?!

фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Талентираниот англиски играч од средниот ред Џуд Белингем кој ги брани боите на Борусија Дортмунд е многу блиску да го облече дресот на „кралскиот клуб“, пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо.

Личните услови помеѓу играчот и Реал Мадрид се веќе договорени, а двата клуба допрва треба да се договорат за надоместот, со оглед на тоа што важечкиот договор со „милионерите“ истекува 30 јуни 2025 година, а според „Трансфермаркт“ вреди 120 милиони евра.

Она што е сигурно е дека на сметката на Борусија Дортмунд се очекува да се уплати сума поголема од 100 милиони евра.

Голема улога во договорот со германскиот тим ќе има Хуни Калафат, шпанско-бразилски скаут, кој веќе му помогна на Реал да ги ангажира Винисиус, Родриго, Валверде, а неодамна и Ендрик.

Белингем има само 19 години, но веќе има 130 настапи за Дортмунд и постигна 21 гол. Претходно стана најмладиот дебитант во историјата на Бирмингем, а за репрезентацијата на Англија одигра 24 натпревари и запиша еден гол минатата година на Светското првенство во Катар во победата над Иран (6:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот