Џенифер Лопез: Јас и Бен сѐ уште имаме трауми од нашиот прв однос

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Џенифер Лопез и Бен Афлек во 2003 година / Фото: EPA/CJ GUNTHER

Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез (54) откри дека таа и сопругот Бен Афлек (51) „сѐ уште имаат посттрауматско стресно растројство“ поради интензивното медиумско внимание што го преживеале кога биле заедно за првпат, пред 20 години.

Лопез, која моментално се подготвува за објавувањето на нејзиниот претстоен албум „This Is Me…Now“ – продолжение на нејзиниот албум „This Is Me…Then“ од 2002 година и нејзиниот претстоен филм, го откри овој вознемирувачки факт во новото интервју за „Варајети“.

Според „Пејџ сикс“, нејзиниот нов филм ќе ја документира нејзината романса со Афлек, но ставањето на нивниот приватен живот во центарот на вниманието ја вознемирува.

„Додуша, сега сме постари. Ние сме помудри и знаеме што е навистина важно во животот. Научивме и дека не е толку важно што мислат другите. Важно е да бидете верни на себе“, истакнува популарната Џеј Ло.

„Како уметници мораме да го следиме своето срце. Правам нешто што можеби не сите мислеа дека е најдобрата идеја, но морав да го сторам тоа“, објаснила таа.

Бен Афлек и Џенифер Лопез
Фото: Michael Tran/ AFP / Profimedia

Во трејлерот за нејзиниот претстоен филм, чиј сосцентарист е Афлек, Лопез вклучи писмо што тој ѝ го напишал во 2002 година, кога се состанувале.

На прашањето дали новиот филм според сценариото е долгометражен филм или документарен, пејачката одговори само дека „треба да се изгледа филмот за да се разбере“.

„Јас го нарекувам ‘музичко искуство’. Ако има музика, можете да ја видите, можете да ја слушнете и можете да ја доживеете“, истакнува Лопез.

Како потсетување, Џенифер Лопез и Бен Афлек се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“ на крајот од 2001 година. Тие ја започнаа својата љубовна врска некаде кон средината на 2002 година и како пар добија голем публицитет. Бидејќи беа омилен пар на јавноста, тие беа именувани како „Бенифер“ во медиумските написи.

Лопез ја објави првата свршувачка со актерот во ноември 2002 година, кога Афлек ѝ даде шест-каратен розов дијамантски прстен во вредност од 1.200.000долари. За жал, тие ја откажаа венчавката која беше планирана за 14 септември 2003, а на почетокот од 2004 година го објавија и крајот на нивната свршувачка.

Според многумина, видеозаписот за песната „Jenny from the Block“ на Џенифер Лопез, а во кој се појавува и Бен Афлек, е легендарен и претставува важен сегмент од американската поп-музика од тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот