Џенифер Гарнер лута на Бен Афлек: Актерката не сака нејзините деца да бидат во друштво на Џеј Ло

бен афлек џеј ло џенифер гарнер
ФОТО: Инстаграм

Папараците го фотографираа Бен Афек како се смее додека е на пат да се сретне со своите деца, меѓутоа, неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер не го споделува тој ентузијазам.

„Замислете да бидете со некого со години, само за да сфатите дека тој ја сака бившата цело време“, оваа реченица најчесто се слуша кога се споменува љубовниот триаголник Бен Афлек-Џенифер Гарнер-Џенифер Лопез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)

Всушност, иако врската со Џеј Ло следеше долго по разводот на Гарнер, многумина мислат дека таа на крајот на целата оваа приказна била понижена

Папараците ја следат актерката многу повеќе од кога врската „Бенифер“ беше обновена и иако првично се мислеше дека Џенифер Гарнер нема ништо против нивната врска, имаше наводи дека таа не била премногу ентузијастична што нивните деца поминуваат време со Џеј Ло.

Таа никогаш не сака да одговори на прашањата за новата врска на поранешниот сопруг, но секогаш инсистира на тоа дека нивните деца се на прво место и дека тие се пред сè пријатели и родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck)

Меѓутоа, како што тврдат извори блиски до актерката, на Џенифер не и се допаѓа толку внимание, а познато е дека таа никогаш не ги наполнила таблоидите со скандали.

„Џенифер сака да зборува за нејзините филмови и проекти, а не за Џеј Ло“, рече изворот и додаде: „Таа нема ништо против нивната врска, но не ѝ се допаѓа што Бен се однесува како заљубен тинејџер и им дозволува на децата сè, бидејќи порано не било така“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Garner-Afflecks (@garneraffleck)

„Иако ја почитува Џенифер како мајка, не ѝ се допаѓаат некои нејзини ставови и не сака нејзините деца да бидат изложени на тоа“, рекол извор за „PageSix“.

Тврдењата се поткрепени и со папарацо фотографии на кои Гарнер често е лошо расположена и намуртена, а последниот пат кога се смееше беше само кога Бен ги врати децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Некои мислат дека актерката е малку љубоморна бидејќи на љубовен план не ѝ цветаат рози, а се вели декаѝ пречи тоа што Џеј Ло успеала да ги искорени неговите лоши навики, додека таа не успеала и покрај многу години брак.

Извор: „Alo!“ 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот