Џејми Карагер разочаран од Ливерпул: Би можел да го заземам местото на Ван Дајк

фото: принтскрин/Youtube/CBS Sports Golazo

Џејми Карагер, поранешен играч на Ливерпул и аналитичар на „Скај Спортс“, имаше што да му каже на својот поранешен тим по убедливиот пораз од Реал Мадрид.

„Црвените“ примија пет гола во Лигата на шампионите за првпат на „Енфилд“, а Карагер го искористи тоа за да му се реваншира на Вирџил Ван Дајк за претходните коментари на Холанѓанецот.

– Вирџил ван Дијк пред неколку месеци рече дека не би можел да играм во бековската линија на Ливерпул. Во овој момент би можел да го заземам неговото место – рече Карагер по натпреварот Ливерпул – Реал Мадрид.

Карагер го опиша второто полувреме како „срамно“.

– Тоа беше вистинска неорганизираност, ужасно од Ливерпул. Срамно. Ние им наоѓавме изговори цела сезона, но беше навистина срамно во второто полувреме. Да го загубите тоа полувреме со 3:0. Ужасно – вели Карагер.

Реваншот меѓу Реал Мадрид и Ливерпул во ЛШ на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра на 15 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот