Бијонсе и Џеј Зи - Фото: EPA/JUSTIN LANE

Џеј Зи конечно ја доби правната битка: Судот го ослободи од обвинувањата дека има таен син

Долгогодишната правна битка за раперот и музичкиот магнат Џеј Зи конечно заврши. Само три месеци откако Рајмир Сатервајт, кој тврди дека раперот му е биолошки татко, ја повлече својата тужба, судот во Калифорнија на 4 ноември го отфрли и случајот на неговата законска старателка Лили Коли, со што оваа десетгодишна правна сага и официјално е завршена, пренесуваат американските медиуми.

Коли, која го презела старателството над Сатервајт во 2011 година, откако неговата мајка Ванда Сатервајт се разболела од тешка болест, во мај поднела тужба против Џеј Зи, чието вистинско име е Шон Картер. Таа барала отштета, обвинувајќи го дека намерно предизвикал емоционална болка и извршил измама за време на претходните судски процеси. Меѓу обвинувањата, Коли навела дека Џеј Зи прикривал докази, запечатил судски списи и лажно претставувал „материјални факти за своите минимални контакти со сојузната држава Њу Џерси“, каде што првично бил покренат случајот уште во 2010 година.

По низа поднесоци, судијата застанал на страната на раперот, кој наводно со покојната Ванда Сатервајт добил син.

„Судот го прочита и разгледа предлогот и оцени дека е соодветен за одлука без усна расправа. Судот го усвојува предлогот и ја отфрла тужбата без можност за измена“, стои во судскиот документ.

Оваа одлука значи дека Коли повеќе нема право повторно да поднесе тужба против музичкиот магнат. Бидејќи и самиот Сатервајт во јули ја повлече својата тужба, ни тој не може повторно да го отвори случајот.

Судијката Шерилин Пис Гарнет објасни дека случајот е отфрлен во согласност со калифорнискиот закон против злоупотреба на тужби, кој овозможува рано отфрлање на неосновани постапки насочени кон „задушување на слободата на изразување преку скапи и долготрајни судски процеси“. Џеј Зи, кој со сопругата Бијонсе ги има ќерката Блу Ајви и близнаците Руми и Сир, тврдеше дека тужбите произлегуваат од неговото заштитено дејствување, бидејќи се засноваат на судски налози или изјави и документи дадени во претходен граѓански спор. Судијката се согласила, наведувајќи дека обвинувањата „спаѓаат под заштитата на законот против злоупотреба на тужби“.

Џеј Зи од самиот почеток остро ги негираше тврдењата на Сатервајт, а неговите адвокати во јулскиот поднесок ги нарекоа „децении на вознемирување“.

„Измислените обвинувања и тврдења беа разгледани, и отфрлени, на повеќе други судови“, стоело во документите.

Иако ја повлече тужбата, Сатервајт во јули изјави дека „не се откажува од борбата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот