Два различни случаи на семејно насилство во Тетово

Пријава на жена за сопругот поради физички напад и приведување 25-годишник осомничен за напаѓање на таткото на сопругата бележи тетовската полиција во текот на вчерашната вечер, два различни случаи на семејно насилство.

Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 25-годишниот тетовец И.М., бидејќи пред тоа физички го нападнал таткото на неговата сопруга З.Ф.(57) во тетовско Јажинце.

За еден час во СВР Тетово стигнала пријава за вториот случај.

– Дваесетгодишна жителка од тетовско село вчера во 20 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавила дека на 16 ноември годинава околу 21 часот и 30 минути била физички нападната од нејзиниот 22-годишен сопруг, информираат од СВР Тетово.

Полицијата сега презема мерки за расчистување и документирање на двата случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот