Дури 10 играчи пред разделба со „Старата дама“!?

epaselect epa08567986 Juventus? Cristiano Ronaldo jubilates after scoring the goal (1-0) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs UC Sampdoria at the Allianz stadium in Turin, Italy, 26 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Како што е веќе познато, после елиминацијата во осминафиналето на ЛШ од Лион, Маурицио Сари ја напушти тренерската клупа и веднаш беше промовиран новиот наследник, клупската легенда на Јувентус, Андреа Пирло.

Покрај тоа, можно е и 10 играчи да ги следат стапките на Сари, според италијанските медиуми на таа листа се наоѓаат: Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Блез Матуиди, Даглас Кошта, Арон Ремзи, Федерико Бернардески, Матија Де Шилјо, Даниеле Ругани, Алекс Сандро и Данило.

„Старата дама“ на тој начин би ја променил практично целата екипа, а тоа може да биде и преголем предизвик за Пирло кој нема никакво тренерско искуство.

Прашање е колку тоа ќе биде добро за италијанскиот шампион, бидејќи подготовктие ќе започнат на 24 август, а во септември ќе следува Лигата на нации, па Пирло ќе остане без доста првотимци.

Новата сезона во италијанската Серија А ќе стартува на 19 септември, а новиот стратег на целиот тим може да смета само 10 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот