Дуплантис: Светски рекорд? Имам олимписко злато, нема да се жалам!

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис изјави дека неговиот сон се остварил со освојување златен медал на Олимписките игри, и дека не се кае премногу затоа што не го собори светскиот рекорд во скок со стап.

Toj стигна до златото во Токио благодарение на скокот од 6,02 метри. На пат кон олимпискиот престол, тој никогаш не ја сруши летвичката.

– Чувството е неописливо. Го сакав ова злато толку долго и конечно успеав. Го сакам овој спорт уште од детството и отсекогаш верував дека благодарение на него ќе стигнам до одлични места. Фактот дека сум на Олимписките игри, дека имам златен медал – само тоа покажува колку ми даде овој спорт – рече 21-годишниот Дуплантис.

Обезбедувајќи го златниот медал, Дуплантис се обиде да скокне 6,19 метри и да го надмине својот светски рекорд за еден сантиметар. Се чинеше дека успеа од првиот обид, но во пад ја закачи летвичката со градите и ја собори. Вториот пат трчаше лошо и се откажа среде скок. Третиот пат тој повторно ја собори летвичката, овој пат со коленото.

– Би било убаво да го соборам рекордот. Се чувствував близу. Но, јас имам олимписко злато, сега нема да седам тука и да се жалам – додаде Дуплантис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот