ДУП-от за дел од Тафталиџе од 30 јули на јавна анкета, месец и пол ќе биде на увид на граѓаните
Нацрт Деталниот урбанистички план за градска четврт 306 блок 03, кој Советот на Општина Карпош го усвои на седницата одржана на први јули, од 30 јули па сѐ до 12 септеври ќе биде на увид на граѓаните, односно во тој период ќе трае јавната анкета за планот.
Препорачано
ДУП-от во тој период ќе биде изложен во просториите на Општина Карпош секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.
Јавната презентација на планот ќе се одржи на 15 август со почеток во 9 часот на која содржината на нацрт ДУП-от ќе им биде претставена на сите заинтересирани фирми и граѓани од подрачјето опфатено со планот, но и од подрачјата соседни на планскиот опфат, како и на широката јавност, претставниците на локалната самоуправа, стручни лица од невладините организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат.
Станува збор за ДУП со кој се уредува простор на површина од 15.725 хектари, ограничен со улиците Париска, Варшавска и Лондонска и булеварот Партизански одреди, односно дел од населбата Тафталиџе спроти Карпош 3.
Анкетните листови ќе бидат достапни во просториите на Општина Карпош.


