ДУИ го објаснува Ахмети: Нема непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните

Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

Лидерот на ДУИ Али Ахмети не спомена непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии, се дообјаснуваат од ДУИ по реакциите во јавноста за изјавата на Ахмети од партискиот собир во Гостивар каде директно ги прозва телевизиите „Алфа“ и „Телма“.

„Кому му вршиме услуга со овие движења што се прават? Сигурно дека на непријателите на Албанците. Ракоплескаат ‘Алфа’, ‘Телма’, Мелма… Што добија Албанците што се делеа во минатото. Ништо не добија“, рече Ахмети синоќа во Гостивар.

Од ДУИ велат дека Ахмети зборувал за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците.

„Вознемирувачка е омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како Бугар Османи, Артан Груби терористот, навреди кон самиот Али Ахмети и другите. Тоа е последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот“, велат од ДУИ.

Од партијата потенцираат дека Ахмети и ДУИ се сојузници на медиумите, граѓанското општество и слободата на говорот, а тоа го имаат докажано во изминатите 22 години во нивното секојдневно дејствување.

По Груевски и Заев, и Ахмети си најде непријатели меѓу медиумите: „Телма“ и „Алфа“ се непријатели на Албанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот