Државата еднострано ќе ги укинува договорите за концесија на рудниците, ако оцени дека е загрозено здравјето на граѓаните

Фото: Фејсбук

Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора вели дека државата треба да реши дали воопшто ќе дозволи отворање на рудници пред да носи измени на закони со кои се ограничуваат инвестициите во овој сектор. Од таму стравуваат дека со овие измени ќе ги одвратат инвеститорите и ќе го нарушат процесот на експлоатација на рудата.

Министерството за економија го измени Законот за минерални суровини. Овие измени, како што посочи Министерот Крешник Бектеши, се со цел  да се изнајде долгорочно решение во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.

Со законските измени, во иднина ќе се отвори можност за едностран раскин на договорот за концесија на рудниците во случај кога е загрозена безбедноста и здравјето на локалното население.

– Во изминатите неколку месеци до Министерството за економија пристигнаа повеќе претставки од граѓани и општини во однос на безбедноста на граѓаните во околината на населените места каде што има концесии за минерални суровини, за што Министерството за економија и сите надлежни институции излегоа на терен и преку средби со граѓаните и надзор кај концесионерите ја увиде состојбата на терен – потенцира Бектеши.

Со законските измени се додаваат нови основи за едностран раскин на договорот за концесија од страна на државата.

– Во случај да се раскине договорот кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес, безбедноста и здравјето на населението, тогаш концесионерот може да поднесе барање за добивање на нова концесија за експлоатација на друг локалитет и тоа директно за експлоатација и без спроведување на јавен повик – информира министерот.

Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора вели дека државата треба да реши дали воопшто ќе дозволи отворање на рудници пред да носи измени на закони со кои се ограничуваат инвестициите во овој сектор. Од таму стравуваат дека со овие измени ќе ги одвратат инвеститорите и ќе го нарушат процесот на експлоатација на рудата.

Од Министерството за економија информираат дека овие законски измени денеска ќе се најдат на дневен ред на владината седница и со нив се врши усогласување на прекршочните одредби со новиот Закон за прекршоци, со кои казните за физичките лица се значителни намалени, додека пак за правните субјекти се направени сразмерно на големината на субјектот.

Целта според подонсителот на законот е двете страни да се задоволни – да се реши барањето на населението, но и да нема проблеми за концесионерот кој ќе добие понуда да го промени локалитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот