Дрвото на пријателство што го засадија Трамп и Макрон се исуши

Дрвото на пријателството што го засадија во Вашингтон американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот, Емануел Макрон, се исуши по нешто повеќе од една година.

Францускиот претседател за време на државната посета на Вашингтон во април минатата година, му даде млад даб на американскиот претседател, а фотографиите од моментот кога двајцата политичари го засадија дрвцето со златни лопати, додека нивните сопруги гледаат, беа апсолутен хит на интернет.

Интересно е тоа што сушењето на стеблото се одвиваше паралелно со континуираното влошување на односите меѓу двајцата претседатели. Трамп и Макрон се појавија минатата седмица со свои говори на одбележувањето на 75-годишнината од денот „Д“ во Франција.

На свеченоста и претходеа низа несогласувања меѓу нив по прашањата околу трговијата и иранскиот нуклеарен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот