„Дрим-тим“ од играчи кои следното лето би можеле да бидат бесплатни

Килијан Мбапе од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид/ фото: EPA-EFE/Peter Powell

Пред нас е зимскиот преоден рок, но дефинитивно поголеми возбудувања на трансфер пазарот се очекуваат следното лето.

На многу играчи на крајот од сезоната им истекува договорот, па своите клубови би можеле да ги напуштат целосно бесплатно, доколку истиот не го продолжат или не си одат веќе во јануари.

Убедливо најскап на листата е членот на ПСЖ, Килијан Мбапе (160 милиони евра), кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Со 70 милиони евра, следен на листата е Федерико Киеза од Јувентус, а го следат со по 55 милиони Франк Кесие (Милан) и Пол Погба (Манчестер јунајтед).

Вредноста на Усман Дембеле (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Пауло Дибала (Јувентус) е проценета на 50 милиони евра.

Меѓу големите ѕвезди чиј договор исто така истекува се Лоренцо Инсиње (Наполи), Алваро Мората (Јувентус), Никлас Зуле (Баерн), Антонио Рудигер (Челси), Андреа Белоти (Торино)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот