Драмскиот театар ќе одигра осум претстави во јануарската програма

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е најновата претстава во Драмски театар

Драмскиот театар во Скопје од 20 јануари ја почна новата сезона на претстави за оваа година. Сезоната ја отвори претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски.

До крајот на јануари предвидено е да се одиграат осум претстави: новата претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, чија премиера беше на 29.12.2021 година, „Птица со главата меѓу нозе“, со текст и режија на Коле Ангеловски, а премиерно беше изведена на 10.11.2021 година, „Мојот маж“, која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска, а во режија на Нела Витошевиќ, „Странци“ од Паоло Геновезе во режија на Нела Витошевиќ, „Чудесна терапија“ од Даниел Глатауер во режија на Димче Николовски, „Партија реми“ од Доналд Ли Кобурн во режија на Виолета Џолева и „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Јане Спасиќ.

Во февруари во Драмски театар ќе почнат проби и на новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ, чија премиера е закажана за 26.3.2022 година.

НУ Драмски театар – Скопје на 13.2.2022 година ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА – Група Триглав, кој ќе се одржи во Љубљана, Република Словенија, со претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот