Драма во Минск: Вооружени лица влегле во канцелариите на „Убер“ и „Јандекс“, на вработените им забраниле да излезат

Фото: МИА

Вооружани и маскирани мажи извршиле претрес на канцелариите на „Убер“ и рускиот технолошки гигатн „Јандекс“ во Минск.

Мажите облечени во црно ги блокирале влезовите во канцелариите на „Убер“ и „Индекс“ во Минск, а некои вработени уште се заробени внатре, пренесува Москва тајмс.

Рускиот технолошки гигант „Јандекс“ соопшти денеска дека вооружените лица влегле во нивните канцеларии во Минск. Во соопштението се наведува дека компанијата пробува да добие дополнителни информации за инцидентот и дека вооружените лица им забраниле на вработените да ја напуштат зградата.

– Јандекс и Убер делат едно претставништво во Минск, така што претресот се врши во двете компании, рекол портпаролот на „Јандекс“ за Би-Би-Си.

Неименуван извор близок до „Јандекс“ ги идентификуваше вооружените лица како припадници на белоруските безбедносни сили, пренесува Форбс.

Белоруската служба за спроведување на законите се уште не ги потврди, ниту ги демантираше гласините дека нивните полицајци се вмешани во рацијата.

Според извори од компанијата, во канцеларијата имало само неколку луѓе, бидејќи повеќето работеле од дома. Изворот исто така рекол дека вооружените лица не ја известиле фирмата за нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот