ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА: Босанец пукал во специјалци, застрелал полицаец

Фото: EPA / Filip Singer

Државјанин на БиХ во Германија, Веско Б. (51) пукал по припадници на специјалната полиција и во таа прилика еден од нив ранил во пределот на градниот кош.

Како што пренесе Радио Сараево повикувајќи се на германските медиуми, вистинска драма се одвивала во среда наутро во германскиот град Гладбек, кога специјалната единица на полицијата била повикана да интервенира во станот на Веско Б., државјанин на БиХ. Кога, како што се наведува, полицајците влегле во станот, Веско земал пиштол, пукал и застрелал еден „специјалец“ во пределот на градниот кош. Заштитниот елек го спасил животот на полицаецот.

„Колегата е лесно повреден. Примен е во болница“, рекла портпаролката на полицијата, Рамона Хурст.

Полицијата без употреба на огнено оружје успеала да го совлада и да му стави лисици на рацете.

„Уапсениот е веќе пријавуван поради вооружени закани, што беше и причина да испратиме специјална единица“, рекла Хурст.

Обвинетиот сега го очекува пријава за обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот