Драма во авионот на Гамбија: Фудбалерите останувале без кислород, пилотот го вратил авионот

Фото: FS Gambija

Вистинска драма се случувала во авион над небото на Гамбија кога фудбалските репрезентативци на оваа земја се упатиле за Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот Кп на Нации.

Набрзо откако чартер летот полетал од Бањул фудбалерите почнале да се онесвестуваат и да губат воздух. Пилотот поради тоа бил принуден да го врати авионот на пистата, пишуваат медиумите.

На социјалните мрежи се огласи и Фудбалскиот сојуз на Гамбија.

„Со жалење известуваме дека чартер летотот со кој требаше да отпатуваме на Африканскиот Куп на Нации се врати поради технички проблеми. Летот траеше девет минути кога пилотите разбраа што се случува и побараа враќање во Бањул. Првичните истраги покажаа дека дошло до губење на кислородот во авионот“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Гамбија.

Најверојатно авионот има повеќе патници од дозволеното, па поради тоа бил почувствуван недостаток на кислород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот