Драма кај Демир Капија: Се повредила мигрантка при скок во воз, сопругот побарал помош од полицијата

Возило на брза помош / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вистинска семејна драма се случувала синоќа кај каменоломот Јаворица – Демир Капија кога едно лице мигрант барало помош од полицијата на Граничниот премин Михајлово.

По повикот околу 21.30 часот полициски службеници излегле на местото и затекнале лице од Ирак, кое побарало помош, затоа што неговата сопруга H.М.(26) од Ирак, при обид да се качи на товарен воз, на околу четири километри од каменоломот, се повредила.

Полициски службеници ја пронашле повредената, а лекар констатирал потешка повреда на нозете, по што била префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот