Дозволено пречекорување на средства – како до најбрз начин на покривање на вашите моментални потреби?

Колкупати ви се случило да сфатите дека месецот нема да може да се „покриете“ со платата? И дека ќе ви биде потребна прераспределба или пречекорување на вашиот буџет, затоа што имате трошоци за многу работи? На децата им требаат нови обувки, роденденот на партнерот/ката е зад аголот, автомобилот треба да се регистрира… И сето тоа бара некакво менаџирање на вашите приливи. Верувајте дека и вакви периоди лесно може да ги изменаџирате со неколку предлози.

1. Направете листа на најважните трошоци за што ви е најпотребно во време кога ќе треба да ги распределувате средствата. Почнете од она што чини најмногу, а потоа останатото. Имањето ред ќе ви помогне да се фокусирате на она што е приоритет.

2. Одлична можност за вас е услугата за дозволен минус. Три пати подобро – три плати повеќе е идејата на „Халкбанк“ АД Скопје. Преку нивната услуга, имате олеснителна околност при пречекорување на сметката однапред до три ваши месечни плати. За аплицирање на оваа поволна услуга, погледнете овде. Примателите на плата од Халкбанк можат и автоматски да добијат до три пречекорени плати. Притоа, поволност е што можат со дебитната картичка на Мастер, да подигнуваат пари од секој банкомат во земјава.

Вака ќе можете да си испланирате одредена сума средства со кои ќе можете да се опуштите, а притоа да немате чувство дека сте направиле преголем трошок.

3. Ако веќе имате постоечки кредит, имате уште една опција за да си ја олесните финансиската состојба. Таков е кредитот за рефинансирање, што се подигнува во банката во која сте депонент или во друга, со цел да го замените долгот или да добиете извор на дополнителни финансии. Пред да одлучите да земете ваков кредит, проверете го ризикот дали ќе ви се исплати, дали ќе биде долгорочно или се работи за потреби од кус рок.

Овие предлози се насока во која ќе можете да ги раководите вашите тековни средства, но и да добиете опција од банката со цел да ви се олеснат периодите со зголемени трошоци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот