„Дожд“ од авионски делови врз село во Холандија: Повредени жена и дете, оштетени домови и автомобили

Авионска линија Санкт Петербург- Скопје/ Фото: mia.mk

Жителите на холандското село Мерсен останаа во шок по паѓањето на вжештени делови од авион кои оштетија неколку домови, автомобили, меѓутоа повредија и една жена и дете.

Металните парчиња му припаѓале на товарен авион од типот Боинг 747-400 кој вчера попладне полетал од Мастрихт за Њујорк, објави холандскиот портал „Дачњуз“.

Очевидци раскажуваат дека слушнале силни удари и голем пламен од еден од левите моторти на леталото. Авионот итно слетал во белгискиот град Лиеж.

Аеродромската полиција и холандскиот одбор за безбедност отворија истрага за утврдување на причините за инцидентот.

Сличен инцидент се случи вчера во САД во кој се запали мотор на Боинг 777 на авио-компанијата „Јунајтед Ерлајнс“, а делови од леталото паднаа врз предградие на Денвер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот