Доверлив документ на ОН: Иран трупа ниско збогатен ураниум над договорените количества

Фото: Принтскрин

Иран продолжува да трупа ниско збогатен ураниум над границите што се утврдени со нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, соопштија денеска Обединетите нации (ОН).

Во доверливиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), до кој американските медиуми имале пристап, се наведува дека Иран до 2 ноември има акумулирано 2.442 килограми ниско збогатен ураниум, наспроти 2.105 килограми во извештајот од 25 август.

Според нуклеарниот договор од 2015 година, во кој учествуваа САД, Германија, Франција, Велика Британија, Кина и Русија, на Иран му е дозволено да складира најмногу 202,8 килограми ураниум.

Иран отворено се закани дека ќе ги прекрши одредбите од нуклеарниот договор, откако САД одлучија во 2018 година еднострано да го напуштат договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот