Донев и Ковачевски договориле работна средба на министрите за внатрешни работи и безбедносните служби за мирно чествување на 4 февруари

Бугарскиот технички премиер Галаб Донев оствари телефонски разговор со премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и двајцата разговарале за потребата од мирно и без проблеми одвивање на претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, пренесуваат бугарските медиуми.

-Во таа насока, во понеделник, на 30 јануари, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и претседавачот на ДАНС (Државна агенција за национална безбедност) Пламен Тончев ќе остварат работна средба со своите колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за обезбедување мирна и безбедна средина за прославата на 4 февруари, соопшти бугарската влада.

Премиерите Донев и Ковачевски разговарале и за придобивките од подлабоката соработка меѓу двете земји во областа на безбедноста, особено „во случаите на криминални дејствија или закани врз граѓани на Република Северна Македонија со бугарски идентитет“.

-Во разговорот, премиерот Донев повторно потсети на очекувањата од Бугарија, Република Северна Македонија да ги преземе неопходните активности за ставање крај на говорот на омраза и злосторствата, како и за почитување на правата на македонските Бугари, стои во соопштението од бугарската влада кое го пренесуваат бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот