Доматите во Индија се прескапи, дури и хотелите не ги сечкаат за во салата

Милиони Индијци престанаа да купуваат домати. И популарните синџири за брза храна најавија дека нема да ги ставаат во своите сендвичи.

Најголемата земја во светот ја зафати неочекувана криза – зеленчукот е толку скап што речиси никој не може да си го дозволи. Постојат неколку причини. По неочекувано големата реколта минатата година, земјоделците оваа сезона засадија помалку домати. Потоа следеа невидени горештини во март и април и големи поплави во јули. Како резултат на тоа, има недостиг на домати низ цела Индија.

Така, нивната цена скокна 8 пати. Како куриозитет во дел од индиските маркети се ангажираат обезбедувачи на тезгите со домати, за да не се крадат, објави НОВА, пренесува „24Часа.бг“.

-Цената беше околу 1,20. Сега е 2,80 евра за килограм. Клиентите, особено посиромашните, воопшто не купуваат. Престанаа да ги јадат. Дури и хотелите не купуваат“, вели Санџај, продавач во Мумбаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот