Долговите кон локалните власти во Грција ќе застаруваат по пет години

Фото: Unsplash

Долговите кон општинските власти кои произлегуваат од такси за недвижности, придонес од пари за вклучување имот во градски план, билети за сообраќајни прекршоци и такси за водовод и канализација, гробишта и слично, ќе бидат отпишани по пет години, според предлог-законот на Министерството за внатрешни работи кој е претставен на прво читање на ниво на парламентарна комисија, пишува грчки Катимерини.

Се исклучуваат долговите од непријавените квадратни метри имот, а простени се оние од 2009-2012 година.

Даноците од 2013 до 2017 година мора да се наплатат во рок од две години, а подоцнежните пет години по нивното заверување. Сегашниот рок на застареност на општинските финансиски побарувања е 23 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот