Долгогодишна затворска казна за монструмите од видеото!

Во време кога сите сме преокупирани со бројката на заразени и жртви од коронавирусот, сведоци сме на уште една жртва, но не на вирус, туку на монструозно човечко однесување – насилство врз девојка.

Сигурен сум дека сите го видовте видеото од кое ќе ве полазат морници, а искрено не верувам дека некој имал сила да го погледне по вторпат, бидејќи и еднаш е премногу.

За жал насилство врз жена, без разлика дали е врсничко, семејно или каков било друг вид на насилство, не е ништо ново, напротив,  за некои луѓе тоа е брутално секојдневие.

Дали девојчето ги лажело насилниците од видеото дека е бремена или не, навистина не е никакво оправдување за ова дивјачко однесување,  а клоците кои едното момче и ги удира на девојката буквално како и самиот да ги чувствував кога го гледав овој крајно нечовечки чин.

Штип е град во кој има многу луѓе за пример, меѓутоа, кога од мојот роден крај ќе се појави вакво нешто, едноставно сите други работи паѓаат во вода, па она лошото повторно излегува на површина.

Голема улога во ваквото однесување на момчињата секако има и (не) воспитувањето од страна на нивните родители, како и  последиците и траумите кои можеби и тие ги претрпувале како деца, но оправдание не смее да има.

Присуството односно неприсуството на родителите во животот на овие монструми е нешто што понатаму ќе се утврдува, но јасно е дека претепаното девојче доживотно ќе се бори со трауми и ќе има трајни последици по овој немил настан.

Од сета оваа работа како нешто позитивно може да се оддели брзата и ефикасна реакција на надлежните институции.  И двете момчиња уште утринава беа однесени во локалната станица, а попладнево е сослушана и жртвата.

Многумина јавно ја осудија громорозната постапка со цел еднаш засекогаш да се стави крај на насилството врз жените и воопшто крај на какво било слично однесување од овој карактер.

Се надевам дека на жртвата ќе и се обезбеди психолог, психијатар и секоја друга стручна помош која и неопходна во овие моменти, а „големите“ тепачи и „фраери“ ќе се соочат со долгогодишна затворска казна.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот