Доларот дополнително зајакна, цената на нафтата повторно падна

Лице вработено во менувачница ја менува вредноста на валутите пред објектот по падот на моќната британска валута во однос на американскиот долар / Лондон, 26 септември 2022 / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN
Лице вработено во менувачница ја менува вредноста на валутите пред објектот, по големиот пад на моќната британска валута во однос на американскиот долар / Лондон, 26 септември 2022 / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Вредноста на доларот во однос на другите валути утрово дополнително се зголеми, откако минатата недела зајакна за околу 0,5 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 107,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 106,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 140,35 на 140,45 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0298 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0325 долари.

Цените на нафтата, пак, дополнително паднаа, откако минатата недела потонаа за речиси 10 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 1,05 отсто, на 86,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,10 отсто, на 79,20 долари.

Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи инвеститорите се загрижени за натамошното зголемување на бројот на заболени од ковид-19, па надежите за брзо олеснување на рестриктивните мерки избледеа.

Во неделата, бројот на заразени лица во Кина достигна речиси 27.000, што е највисоко од април, додека две лица починаа во Пекинг.

Како резултат на тоа, некои области во кинескиот главен град побараа од луѓето да останат дома, а неколку училишта се затворени.

Ова ги поддржа стравувањата од натамошно забавување на и онака бавниот раст на кинеската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот