Докажано е! Жените се подобри возачи од мажите – Слободен печат
АвтомагазинМагазин

Докажано е! Жените се подобри возачи од мажите

Иако многумина би го помислиле спротивно, мажите почесто од жените зборуваат на мобилен и пишуваат пораки додека возат

Вечно прашање е дали мажите или жените се подобри возачи. Некои мажи со потсмев гледаат на жените зад воланот, но всушност жените се тие кои треба да се смеат. Еве и зошто.

Жени наспрема мажи зад воланот:

Ако постои опасност на патот, возат со соодветна:
75% жени 55% мажи

Запираат на жолто светло на семафорот:
85% жени 44% мажи

Негативно влијаат на другите возачи:
54% жени 73% мажи

Адекватно сигнализираат што планираат да направат:
96% жени 82% мажи

Правилно ги користат ретровизорите:
79% жени 46% мажи

Го проверуваат мртвиот агол:
71% жени 82% мажи

Возат преблизу до возилото пред нив:
4% жени 27% мажи

Ја почитуваат ограничената брзина:
89% жени 86% мажи

Го имаат воланот под контрола:
96% жени 100% мажи

Ги сечат кривините додека возат:
43% жени 68% мажи

Зборуваат на мобилен или пишуваат пораки додека возат:
16 % жени 24% мажи

Влегуваат во сообраќајот на опасен начин:
1% жени 14% мажи

Предизвикуваат пречки на патот:
16% жени 25% мажи

Но сепак, иако статистичките податоци се на страна на жените, треба да се земе предвид и поголемиот број на регистрирани возачи од машкиот пол, па не е ни чудо што тие почесто се учесници во сообраќајни незгоди или статистички се повеќе казнувани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close