Договорот со „Бехтел и Енка“ доставен до Јавното обвинителство

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Во текот на вчерашниот ден ЈП „Државни патишта“, постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д, соопштија од Обвинителството.

Претходно, претпријатието доставило и броеви на огласите од јавните набавки поврзани со коридорите 8 и 10-д, за кои јавниот обвинител обезбеди пристап до електронската база на податоци на Бирото за јавни набавки.

Во наредниот период, како што најавија, договорот ќе биде анализиран во насока на утврдување на елементи на евентуално сторено кривично дело.

Со оглед дека станува збор за обемна документација на јавниот обвинител и тимот на истражители ќе им биде потребно време за анализа и проверка на сите индиции и наводи што месеци наназад се во интерес на јавноста. За секое постапување што нема да ја попречи постапката и ќе може да се сподели со јавноста, обвинителството навреме ќе информира, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот