Додик јавно се извини за навредите кон Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL (djokovic) - screenshot (dodik)

Бурни реакции предизвика изјавата на првиот човек на Република Српска, Милорад Додик кој пред да се вклучи во програмата во живо на „РТС“ зборуваше навредливо за Ѓоковиќ, неговото семејство и соработниците.

Додик како што може да се заклучи од неговата изјава бил разочаран од раното испаѓање на Ѓоковиќ на турнирот кој пред неколку дена се одржа во Бања Лука каде што триумфираше Душан Лајовиќ.

„Ѓоковиќ се навистина тешки, ептен пи*ка му мај*ина. Целиот настан нашите луѓе го истуркаа со емоции, но кога се влегува во бизнис со нив, тешка циганија. Исто и нивните соработници, ужас. Ние се базиравме на Новак, а тој изгуби уште во четвртфиналето,“ гласеше изјавата на Додик

Сепак, сега тој се огласи и испрати јавно извинување до најдобриот светски тенисер.

Жал ми е што доживеав големо разочарување од РТС. Ќе продолжам да ги почитувам успесите на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и како и досега да ја почитувам неговата фамилија. Драго ми е што ги увидов организациските и менаџерските способности на Ѓорѓе Ѓоковиќ и останувам многу благодарен што турнирот годинава се одржа во Бања Лука, – вели Додик во опширното извинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот