До петок пункт во ПС„Пролет“ за лични документи за сите кои немаат термин

Одделение за вадење на лични документи / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи до петок треба да отвори нов пункт за лични документи во полициската станица „Пролет“ дознава неофицијално „Слободен печат“. Во него е предвидено фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак терминот им е после 12 февруари наредната година.

Според нашите извори во моментов се прават сите подготовки, опремата е готова и се чека официјален старт.

Отварањето на новиот пункт доаѓа по минатонеделната изјава на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го најави новиот пункт, но не ја прецизираше локацијата. Според нашиот извор во опција била и салата Борис Трајковски, но засега се отвара само овој пункт со неколку кабини за сликање.

Спасовски минатата недела рече дека во завршна фаза е средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи. До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени.

– Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така да од една страна сите групни домови, старски домови е дадена можност да се пријават и во неколку од нив се завршени комплетно со земање на податоци за издавањето на новите лични документи, изјави тогаш Спасовски.

Тој најави дека во следниот период ќе имаат таргетирани групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот