До непрепознатливост! Сиара драстично го промени изгледот! (ФОТО)

Profimedia

Кога ќе ја видите фотографијата од новата фризура, веројатно не би можеле да погодите за кого се работи…

Познатиот холивудски фризер Цезар ДеЛеон Рамирез ја трансформираше Сиара во плавуша и се пофали со добро обавената работа на својот Инстаграм профил.

Пејачката оваа промена ја посака за спотот за својата нова песна „Set“, а многу нејзини обожаватели во коментарите открија дека речиси не ја ни препознале, но дека многу им се допаѓа промената.

Сепак, пред неколку часа Сиара на својот Инстаграм профил објави и фотка од Кан на која има долга црна перика која сјајно и се вклопила во нејзиниот каубојски аутфит.

View this post on Instagram

Cowgirl in Cannes.

A post shared by Ciara (@ciara) on

Се чини дека пејачката својата фризура ја смета за моден додаток кој може да се усогласи со аутфитот, но да признаеме трансформациите одлично и прилегаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот